Строгите протоколи завршија- полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас

 Завршија строгите протоколи:Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев...

Полицијата која што во голем број ја обезбедува цркваа Св.Спас во Скопје каде што се наоѓа и гробот на македонскиот великан Гоце Делчев, почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле да се поклонат на гробот на македонскиот великан Гоце Делчев.

Барикадите кои се присутни на надвозникот кај Кале, а исто така сите мора да го поминат и контролниот пункт, кои се движат кон црквата Св.Спас.Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, само по торјца луѓе смеат да се пропуштаат кон црквата.                                  Имено, во долга редица на самиот влез од црквата Св.Спас, сите присутни граѓани чекаат мирно да стигнат до гробот на македонскиот великан Гоце Делчев и да му оддадат почит со еден поклон пред неговиот гроб.

Дел од граѓаните кои што ги затекна порталот „МакФакс“ имале и знамиња од Вергина, а многумина носеле и транспаренти на кои пишувало „Гоце е Македонија“ „Смрт или слобода“ и слично.

Метеж има на сите полициски пунктови кои се поставени околу црквата Св.Спас во Скопје, каде што граѓаните во големи групи треба да поминат одредени полициски контроли.

Инаку, денес 4 февруари 2023 година се одбележуваат 151 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

                                                                                        

                                                                                                 Гимел радио

                                             #Македонија

За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови