Временска прогноза
Според податоците од управата за хидрометеоролошки работи на Македонија:
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повискоите места со врнежи од снег.Попладне ќе започне да дува ветер од претежно северозападен правец, кој што ќе се здржи и во ноќните часови каде што на места ќе дува со брзина од 80км, а на планинските места и планините ќе дува со максимална брзина од 90км на час.Ова дување на ветерот ќе предизвика брзо и нагло опаѓање на температурите.Максималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 13 степени целзиуови.
Времето утре променливо облачно и многу студено со засилен ветер кој што ќе дува од северен правец.Наместа особено на планините ќе провејува и слаб снег.Температурата ќе се движи од минимални -12 до максимални 3 степени целзиусови.
Прогноза за 06.02.2023 (понеделник) Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено.Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец, кој што најизразен ќе биде долж Повардарието.Темпертурата ќе се движи во интервал од минимални -10 до маскимални 3 степени целзиусови.
Прогноза за 07.02.2023 (вторник) Сончево и студено со мала локална облачност.Ќе дува умерен ветер од претежно северен правец кој што ќе биде поизразен долж повардарието.Температурата ќе се движи во интервал од минимлани -12 до максимални 3 степени целзиусови.
Прогноза за 08.02.2023 (среда) Сончево и студено со мала локална облачност.Ќе дува умерен ветер од претежно северен правец.Температурата во интрвал од минимални -13 до маскимални 5 степени целзиусови.
Гимел радио
#Сервисни информации
За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:
Коментари
Постави коментар