Протестен марш на новинарските здруженија од Македонија

 Навреда кон новинарите и потценување на граѓаните-медиумските работници излегоа на протестен марш од владата до собранието на Република Северна Македонија...

Овој протестен марш беше организиран од страна на здружението на новинари и новинарскиот синдикат.Присутните новинари и медиумски работници на протестот изразија револт и побараа да престане понижувачкиот однос на министрите, одредени директори и политичари, а исто така побараа и услови за квалитетна и безбедна работа, повисоки плати како и имплементација на законите кои се важни во новинарската фела.

За сите барња доставиле акциски план до владата на Македонија кој е со одреден рок за реализација.

Имено, според првиот човек на Здружението на Новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски  е дека работите цело време стојат во место, а дури и се влошуваат.

Претседателот на ССНМ пак, истакна дека работничките права не се почитуваат, а нападите врз медиумските работници мора под итно да престанат.

Овој протест беше проследен и со транспаренти на кои пишуваше „Марш за одбрана на новинарското достоинство“ и со свирчиња.

Протестниот марш беше подржан од агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) како и  од опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ.


                                                                                                Гимел радио

                                             #Македонија 


За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:



Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп