Десет години од пожарот во манастирот „Успение на Прсвета Богородица“-Трескавец во Прилеп
Десет години од пожарот во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“-Трескавец, обновените конаци чекаат технички прием...
Црква „Успение на Пресвета Богородица“Денеска 04 февруари 2023 година се навршуват точно 10 години од катастрофалниот пожар кој што ги пеплоса манстирските конаци во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“-Трескавец во близина на Прилеп.Пожарот бил трет пожар во историјата на манастирскиот комплекс Трескавец кој што воедно бил и закана за уништување на ова култно, светски познато здание кои што датира од пред повеќе од два века (200 години). Причините за избувнувањето на овој пожар, кој што избувна на 04.02.2013 година околу пладне во манстирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица“-Трескавец беа карактеризирани како несрќен случај, а причините беа евидентирани како затнати канали на оџаците т.е затнати оџачки канали.Во ноовиот проект за обнова во која што држвата вложи околу два милиони евра, се направени и проекти за заштита од пожари.
Имено, конаците се готови од пред повеќе од три години, но се уште не може да се направи технички прием во нив, затоа што сеуште не се изградени водоводот и пречистителната станица.Владата на Македонија за овој проект има одвоено околу 100.000 евра за кој што е основан проект, но досега нема никаква реализација.Тоа е обврска на Општина Прилеп.Како што соопштува отец Калис, за Опсервер кој што воедно е и единствениот жител на Трескавец, последната најава кој што ја добил од прилепската локална самоуправа е дека работите ќе се извршувале со затолувањето на времето.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ и конаците на ТрескавецИнаку од прилепскиот Завод и музеј до Министерсвото за култура доставиле два проекта за решавање на овој проблем, а исто така формиран е и меѓународен тим и очекувањата се дека годинава можат да почнат поконкретни активности за заштита
Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“-Трескавец кој што се наоѓа на околу 1800 метри надморска висина е впишан на светската листа на културно наследство во опасност кое што мора да се заштитува. Голем број на туристи и посетители од целиот свет непрекинато го посетуваат овој манастирски комплекс близу Прилеп.Трескавец е култно место од многу одамна, а истражувачите се обидуваат да ги откријат арехеолошките тајни.
Новите конаци пак очекуваат да бидат ставени во употреба и на посетителите кој што го посетуваат манастирот Трескавец да им бидат место за рекреација, реласкација, мир и спокој.
Гимел радио
#Локално
За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:
Коментари
Постави коментар