Тлото во Турција не мирува, нов земјотрес вечерва во Турција

 Тлото во Турција не мирува, нов земјотрес во централна Турција-почувствуван и во Сирија... 

Тлото во Турција не сака да се смири вечерва Турција ја погоди нов земјотрес со јачина од 5,2 степени според рихтер, објави европскиот медитерански сеизмолошки центар  (ЕМСЦ).

Епицентарот на овој земјотрес се наоѓа во близина на турскиот град Антакија, на длабочина од 19 километри.Како што јавуваат од европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) потресот е почувствуван и во Сирија.

Ова е 32-ри потрес што ја погоди Турција во изминатите 69 часа.Засега нема пријавено материјални штети или пак жртви од овој потрес.

Имено, според информациите од турските медиуми досега во Турција и Сирија загинаа над 41.000 луѓе во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари (понеделник) кој што беше со магнитуда од 7,8 степени според рихтеровата скала и со епицентар во близина на турскиот град Газиантеп.


                                                   Гимел радио

                               #Свет

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп