Трагедија во Србија-убиени се осум ученици како и чуварот на училиштето
Вистинска трагедија утринава околу 8:00часот по локално време се случи во Белград (Србија) каде што ученик уби осум други ученици, чувар и ја рани наставничката по историја.
Осум ученици и чуварот во белградското училиште ,,Владислав Рибникар’’ во центарот на Белград настрадаа во пукање од страна на нивниот соученик Коста, кој што бил ученик во седмо одделение во истоименуваното училиште пренесува српски ,,Н1’’, а подоцна ова го потврдија и од министерството за внатрешни работи на Србија.
Имено, чуварот се обидел да го спречи вооружаниот ученик но ученикот пукал во него при што се упатил во кабинетот по историја каде што била и наставничката по историја кај која што ученикот неодимнала добил 1 по предметот историја и каде што ја ранел и наставничката, а смртно застрелал и други пет мина ученици.
Инаку, ученикот денешниот напад го планирал цел месец и сам пријавил во полиција каде што го доставил и планот за нападот.После нападот ученикот побегнал но за брзо време бил пронајден од страна на полицијата каде што и самиот рекол дека е ,,психопат’’.Пиштолот со кој што го извршил нападот бил во сопственост на неговиот татко.
Утре во сите образовни институции во Србија нема да се одржува настава, а исто така е прогласена и три дневна жалост која што ќе трае од петок 5.5 па се до недела 7.5.2023 година.
Гимел радио
#балкан
За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:
Сите сакаме нашето лице, нашето тело, нашата кожа и нашата коса да бидат добро негувани, а за да бидат добро негувани тука се производите од брендот на;
Се продава сосема нов народен тапан.Тапанот е изработен од јагнешка кожа и е по цена од 100€.Телефон за информации 079/210-445
Коментари
Постави коментар