Свечено отворање на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински’-Прилеп
Се одржа свечено отворање на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп...
Синоќа со почеток од 20:30 часот на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“ беше одржано и свеченото отворање на 57. издание на Мaкедонскиот Театарски Фестивал (МТФ) „Војан Чернодрински’
На свеченото отворање на фестивалот на присутните им се обрати уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојанска.
Меѓу присутните кои што го следеа свеченото отворање беше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кои што исто така на присутните им се обрати со неколку убави зборови и реченици.
На отворањето на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ беа доделени и две награди за животно дело на актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски кои што исто така по примањето на наградата им се обратија на присутните со неколку зборови за театарскиот фестивал, инаку на наградените актери наградата им ја врачи градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.
На настанот беше највено и присуството на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска но од оправдани причини таа не присуствуваше на отворањето па нејзиниот говор го приочита уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.
Покровители на фестивалот се Општина Прилеп како и министерството за култура.
Имено, овогодинешниот фестивал се отвори со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на народниот театар Јордан ХаџиКонстантинов-Џинот од Велес.
За време на македонскиот театарски фестивал програмата започнува во 10ч наутро во театарот Војдан Черндрински каде што се играат претсавите за деца од 12часот на пладне ќе има разговори на тркалезна маса во врска со претсавите што се играле претходниот ден, а во 19:30 часот продолжува со програмата односно со претсавите кои што се играат во големата сала при НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп.
МТФ трае се до 16.06.2023 година, а ќе го затвори претсавата „Последниот балкански вампир“ во режија на Александар Поповски, а во изведба на српското народно позориште од Нови Сад, Република Србија.
На отвоарњето имаше голем број присутни луѓе т.е љубители на театарот кои со внимание го следеа свеченото отворање на МТФ Војдан Чернодрински, а исто така на отворањето присутни беа и повеќе новинарски екипи како од локални така и од регионални и национални медиуми.
Повеќе за атмосферата от отворањето на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ погледнете од фотографиите во продолжение.
Борче Јовчески-градоначалник на Прилеп
Петар Темелковски- актер и награда за животно дело
Ана Стојаноска- уметнички директор на МТФ
Петар Мирчевски- актер и награда за животно дело
Ана Стојаноска- уметнички директор на МТФ
Гимел радио
#Култура
Се продава сесема нов народен тапан, изработен од јагнешка кожа. Телефон за контакт 079/210-445
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувкиисто така се продаваат два теписи и две јамболии, цена за сите производи по договор. Телефон за контакт 075/562-883
За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:
Сите сакаме нашето лице, нашето тело, нашата кожа и коса да бидат добро негувани, а за да го достигнете тој резултат тука се препаратите на:
Коментари
Постави коментар