Отворена изложбата „Еден облак подалеку“ од уметничката Татјана Виона-Јоноска

 Во НУЦК „Марко Цепенков“ е отворена зиложбата „Еден облак подалеку“ од прилепската уметничка Татјана Виона-Јоноска...

Синоќа со почеток од 19:30ч по локално време во фоајето при НУЦК ,,Марко Цепенков’’-Прилеп беше отворена изложбата ,,Еден облак подалеку’’ од прилепската уметничка Татјана Виона-Јоноска.

Имено, изложбата се состоеше од необични фотографии и 3Д фотографии работени на многу танко платно.
Ова и е прва самостојна изложба на Јоноска.
Татјана Виона-Јоноска живее и работи во Англија поточно во Лондон.Магистрирала на кралскиот колеџ за уметност на одделот за уметничка пракса-критичка практика.
Во понеделник со почеток од 19ч Јоноска организира средба на македонските уметници со оние уметници од Англија во фоајето во Марко Цепенков.
На изложбата беа присутни градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, портпаролот на Општина Прилеп, Влатко Петкоски како и директорката од НУЦК ,,Марко Цепенков” Јасмина.
Инаку, на Јоноска и беа подарени скромни букет од цвеќиња од страна на градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески како и од претседателот на советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
На изложбата присутни беа и поголем број на луѓе кои што се љубители на уметноста и со доволно внимание го следеа отворањето на првата самостојна изложба на Татјана Виона-Јоноска насловена како ,,Еден облак подалеку’’
Изложбата е отворена и ќе може да се погледне до 19.6.2023 год до 19:30ч.
Повеќе за атмосферата погледнете од фотографиите во продолжение.
Татјана Виона-Јоноска уметничка







  Гимел радио
#Култура

Се продава сосема нов народен тапан, изработен од јагнешка кожа.Телефон за контакт 079/210-445
Се продаваат нова бебешка облека и бебешки обувки исто така се продаваат и два теписи и две јамболии, цена за сите производи по договор. Телефон за контакт 075/562-883

За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата:
Сите сакаме нашето лице, нашето тело, нашата кожа и коса да бидат добро негувани, а за да го достигнете тој резултат тука се препаратите од брендот на:


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови