Модна ревија-Trash Fashion во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп

 Модна ревија или уште така наречена Trash Fashion се одржа денес во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп...

По повод денот на животната средина 5 јуни , денеска со почеток од 12:30 часот по локално време во просториите на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржа модна ревија од рециклирачки материјал или уште така наречена Trash Fashion.

Именно, на модната ревија беа израбоитени креации од рециклирачки отпад како што е картон, најлонски кеси, алуминиумски или најлонски фолии, стари цд-дискови и сл.

На модната ревија продефилираа повеќе групи на ученици, а на настанот беше присутна директоракат на училиштето Жанета Видевска како и други професори, ученици и вработени во училиштето.

Модната ревија беше поддржана од:

-АД Витаминка ДООЕЛ-Прилеп

-Слаткарница Дизниленд Трејд

-Пица бар Ла Страда

-Конфекција Тритекс 

-Стибера мега маркет и Home центар

Настанот беше организиран од страна на професор по ликовна уметност Марта Макеска-Кузмановиќ, професорите по стручни предмети во текстилната струка Наташа Мирческа, Здравка Нјадоска  и професор-инструктор по фризерство Стојне Христоска.

На модната ревија беа доделени и три награди од страна на жири комисијата состав на професор Лора Трајкоска-Николоски, професор Ангела Кочоска и професор Сашо Кочоски.

Инаку, ова е прв ваков настан органзиран во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп.

Водител на настанот беше познатиот од Прилеп Христијан Ангелески, а на модната ревија имаше и голем број ученици, професори, врабитени во училиштето како и родители кои со внимание ја следеа модната ревија.

Повеќе за атмосферата од модната ревија погледенете од фотографиите кои што следуваат во продолжение.



Доделување награда

Учесниците со директорката на училиштето Жанета Видевска


 

Христијан Ангелески


                                                                                    Гимел радио
#Мода и стил

Се продава сосема нов народен тапан, израбоетн од јагнешка кожа.Информации на телефонскиот број 079/210-445

За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата на Александар Ѓорѓиоски:

Сите сакаме нашето лице, нашето тело, нашата кожа и коса да бидат добро негувни, а за таа цел тука се козметичките препарати од брендот на:



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови