Пресврт во образованието: Учебната година започнува на 1 септември, а завршува на 17 јуни

 Учебната година започнува на 1 септември-завршува на 17 јуни, основците и средношколците со пролетен распуст од 29 април до 5 мај...

Со децении наназад учебната година за сите основци и средношколци започнуваше на 1 септември, а завршуваше на 10 јуни. Од септември годинава тоа повеќе нема да биде така. Учебната година ќе трае до 17 јуни.

Владата денеска донесе одлука по предлогот на министерството за образование. За возврат на продолжените седум дена, учениците од основно и од средно образование ќе имаат пролетен распуст кој што ќе трае од 29 април до 5 мај.

Имено, според одлуката од владата почетокот на учебната година останува за 1 септември, првото полугодие ќе заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците од основно и од средо образование ќе користат зимски распуст.

Почетокот на второто полугодие од учебната 2023/2024 година е предвиден за 22 јануари 2024 година.

Учениците од основно и од средно образование исто така ќе користат и пролетен распуст во времетраење од 29 април до 5 мај 2024 година.

 Инаку, владата на денешната седница исто така донесе и соодветни мерки и препораки за следните три дена (среда, четврток и петок), за да се намалат ризиците од високите температури.


                                                                                                  Гимел радио

                                                #Македоија


За сите љубители на пишанит збор ви ја препорачуваме книгата „Рој и златната кутија на Дејлинг“ од младиот автор Александар Ѓорѓиоски.

Сите сакаме нашето тело и лице, нашата кожа и коса да ни бидат добро и убаво негувани. За да го постигнеме тој резултат тука се козметичките производи од брендот на:



Гимел огласник:

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.

Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445

Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови