60 години од скопскиот земјотрес во 1963 година
Денеска се одбележуваат 60 годии од разорниот земјотрес што се случи во Скопје во 1963 година во 05:17 по локално време...
Во Скопје денеска се одржуваат повеќе манифестации како и активности со кои што се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес од 1963 година, кога животот го загубија околу 1070 лица, а додека пак околу 3000 лица беа повредени.
На 26 јули 1963 година во 05:17 минути наутро се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до 05:43 минути, при што беа урати повеќе од 15800 станови, а оштетени беа над 28000, а додека пак над 20000 луѓе останаа без покрив над главата.
Инаку, по скопската трагедија, меѓународниот црвен крст упати апел до сите меѓународни организации да организираат исхрана за скопските деца кој што останаа без покрив над главата.
Интерпарламентарната унија упати апел до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуанитарните организации од целиот свет пристапија кон собирање на помош за Скопје.
На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа генералното собрание од своето засдание да стави на дневен ред точка за преземање одредени мерки по повод земјотресот во Скопје. На 27 септември генралното собрание и даде приоритет на маѓународната акција за давање помош на Скопје.
На 14 октомври, генралното собрание на обединетите нации (ОН) едногласно усвои резолуција за давање на помош на југословенската влада при реконструкција на Скопје, во која што се изразува жалење по повод големата катастрофа што го снајде Скопје. Генералното собрание го ислуша излагањето на претсавници од околу 20 земји од целиот свет. 26 јули 1963 остана во аналиите на обединетите нации како денот на Скопје.
Шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје денеска ќе се одбележи со повеќе културни манифестации како и повеќе активности.
Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Бојан Маричиќ, во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска како и заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу, ќе положат цевеќе пред споменикот на жртвите од разорниот скопски земјотрес со јачина од 6,1 степени според рихтеровата скала кој што се наоѓа на градските гробишта во Бутел.
Имено, преку проектот насловен како „Скопје во пет и седумнаесет“ ќе се реалзираат повеќе настани на неколку локации низ град Скопје. Активностите во рамки на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ започнаа синоќа во паркот „Ибни Пајко“ со концерт на македоснки евергрин композиции и стихови посветени за Скопје.
Скопје денесИанку, програмата денес ќе продолжи во музејот за современа уметност (МСУ) каде што е отворена дигиталната изложба „Подемот и падот на Скопје“ на државниот архив и преку фотообјективот на Киро Георгиевски кој што бил вработен во градското собрание во 1950-тите години. Денешната изложба во музејот за современа уметност (МСУ) ќе може да се погледне од 10 до 13 и од 15 до 17часот.
Да потсетиме само дека за земјотресот од 1963 година сведочи часовникот на музејот на град Скопје на кој што стрелките застанале во 05:17 часот кога што всушност се случил и скопскиот земјотрес, а денес истиот е заштитен под УНЕСКО и преетсавува светско наследство.
Гимел радио
#Македонија
За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата „ Рој и златната кутија на Дејлинг“ од младиот автор Александар Ѓорѓиоски
Сите сакаме нашето лице, нашето тело, нашата кожа и коса да бидат добро негувани. За да го постигнете тој резултат тука се препаратите од козметичкиот бренд на:
Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445
Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152
Коментари
Постави коментар