Анета Мицевска од групата „Молика“ го промени своето презиме
Познатиот македонски бисерен глас Анета Мицевска од групата Молика после веста за разводот од Џими го промени своето презиме на социјалните мрежи...
Извонредниот глас кој што се чини дека може се да отпее, пејачката Анета Мицевска од позната македонска група Молика за порталот Гламур.мк откри дека нема да биде повеќе дел од групата.
Неколку денови името на Анета и на групата Молика се наоѓа на сите сајтови, таблоди и медиуми, се пишува за нендејниот развод на Анета со нејзиниот долгогодишен партнер и колега Џими Мицевски.
Анета за Гламур.мк изјави дека веста за разводот е точна и дека ќе ја напушти групата, но ќе го почитува договорот до август следната 2024 година до кога имаат букирано настапи.
На нас новинарите во очи ни падна тоа што Анета на социјалните мрежи го промени своето презиме и сега е потпишана како Анета Љумаковска што е нејзино моминско презиме.
Имено, Анета на социјалните мрежи објави фотографија со керќата Моника која е дете од бракот со Џими и која што е копија на нејзината мајка Анета.
На Анета денес и е роденден,а поараката која што ја напиша Моника на социјалната мрежи Инстаграм по повод роденден на нејзината мајка Анета ќе ви ја разнежни душата. Моника најверојатно и е голема поддршка и ветер во грб на мајка си во овие тешки денови за семејството Мицевски.„Благодарам за целата неизмерна љубов. Ти го заслужуваш светот. Биди најсреќна. Те сакам!“-напиша Моника за роденденот од мајка си Анета, на што Анета и возвррати со пораката „Благодарам мајкина лепотице!“
Инаку, и Џими во телефонски разговор за Вистина.мк ја потврди веста за разводот и рече:
„Вистина е. „Молика“ ќе продолжи со работа бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото како и за причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор“-вели Џими во телефонската изјава за Вистина.мк
Причината за разводот на Анета и Џими Миевски и понатаму останува непозната за јавноста.
Постои и фактот дека групата „Молика“ ќе изгубат еден дијамант бидејќи тешко некој би можел да ја замени популарната Анета во пеењето.
Гимел радио
#Шоубиз
За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата „Рој и златана кутија на Дејлинг“ од младиот автор Александар Ѓорѓиоски
Сите сакаме нашето лице, нашето тело, нашата коса и нашата кожа да бидат добро негувани, а за да бидат добро негувани тука се козметичките производи од брендот на:Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445
Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152
Коментари
Постави коментар