Концерт за тенор сопран и пијано во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Концерт на оперски арии како и дуети и соло пеење синоќа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Синоќа со почеток од 20 часот во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Приlep се одржа концерт за тенор, сопран и пијано.Концертот на оперски арии, дуети и соло песни се во изведба на Илија Белистојаноски (тенор), Ана Митоска (сопран) и професор Дарко Мариновски (пијано).Овој концерт е боат т.н мозик од композиции со внимателно избрани музички бисери на музичката литертаура кој што се напишани од страна на великаните Антонио Калдара, Џакомо Пучини, Џузепе Верди, Волфганг Амадеус-Моцарт, Георг Фридрих-Хендл, Пиетро Маскањи, Жил Масне, Марин Ламберт, Џакомо Доницети и Винченцо Белини.
Секој од овие музички мајстори оставил по некое парче наследство во светот на операта како и во светот на класичната музика, а тројцата изведувачи низ нивните интерпретации ја донесоа магијата на овие вистински музички чуда низ светот на многуте емоции, страст како и врз чистината на вокалната изведба додека пак професор Дарко Мариновски на пијано ги оплемени овие дела со своето мајсторство.
На концертот имаше многу голем број луѓе кој што се љубители на класичната музика, а помеѓу присутните беше и Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп кој што по завршувањето на концертот на Ана Митоска (сопран) и подаи поголем буќет-цвеќиња.
На концертот беа изведени вкупно 13 композиции меѓу кои се:
Per il mar del pianto mio (ариа од ароториумот)- во изведба на Ана Митоска
Vaga luna, che ingranti (ариета)- во извдба на Илија Белистојаноски
The morning lark (арија од операта „Семеле’’)- во изведба на Ана Митоска
O lola ch’ai di latti la camissa (Сицилијана)- во изведба на Илија Белитојаноски
Playing love (тема од филмот „The legend of 1990“)- во изведба на Дарко Мариновски
La ci darem la mano (дует на Ѕерлина и Дон Џовани од операта „Дон Џовани“)- во изведба на Ана Митоска и Илија Белистојаноски
Core ’ngrato (наполитанска канцона)- во изведба на Илија Белистојаноски и Ана Митоска како и многу други.
Настапот на Илија Белиатојаноски (тенор), Ана Митоска (сопран) како и на професор Дарко Мариновски (пијано) беше проследен со многу гласен и помалку долг аплауз, а емоциите што се создаваа со самото пеење и свирење ги совладаа самите изведувачи како и поголемиот дел од публиката.
Илија Белистојаноски е роден во Прилеп. Основно образование завршува во Прилеп, а потоа се запишува на Државното музичко училиште во Битола. По завршувањето на средното образование тој се запишува на факултетот за мизичка академија во Штип во класата на реномираниот оперски пејач професор Борис Трајанов. Белистојаноски редовно учевствува на сите концерти во чест на професор Коста Трпков заедно со оркестарот од Македонската Опера и Балет (МОБ).
Имено, Белистојаноски во 2022 година има одржано 3 концерти и тоа 2 концерти за дуо клавири во југосточна Маедонија како и концерт за труба и глас во Кавадраци и Скопје во септември и настап по повод 78 годишнината од ослободувањето на Куманово во ноември.Има настапувано на манифестацијата Охридско лето по повод денот на македоснкиот јазик 5 мај има одржано настап во црквата „Св.Софија“-Охрид во 2023 година.
Ана Митоска- дипломирала на Факултеот за музичка уметност во Скопје во класата на професпр Славица Галиќ-Петровска. Има учевствувано на неколку мастер класеви во Македонија како и во странство под водство на Ема Киркби, Бенџмин Бебги, Катерина Ливјаниќ, Јосиф Герџиков, Михајло Арсески, Питер Шишоли и многу други.
Имено, Митоска бележи настапи како во Маедонија така и во Италија (во периодот од 2018 до 2021 година), исто така Ана Митоска бележи настапи и во Хрватска и во Бугарија (во периодот од 2021 до 2023 година).
Во јуни годинава по втор пат настапувала во Загреб (Хрватска) во рамките на фестивалот „Мирослав Крлежа“ пеејќи во претсвата „Глембаеви“ во изведба на народниот театар „Војдан Чернодрнски“ од Прилеп.
Дарко Мариновски- дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1997 година во класата на реномираниот професор Борис Романов. Мариновски неговите магистерски студии ги завршува во 2000 година под менторство на професор Јасмина Чакар.
Имено, за време на студиите Дарко Мариновски одржува повеќе концерти како и бројни настапи во Македонија во рамките на културните манифестации Скопксо и Охридско лето, а исто така одржува настапи и концерти во соседна Република Бугарија.
По завршувањето на студиите до летото 2013 година се вработува и работи како професор по пијано во Музичкото Балетско Училиште на Град Скопје „Илија Николовки-Луј“-Скопје. Ученниците кој што биле под негово менторство забележале повеќе значајни резултати и награди како на државните така и на меѓународните музички натпревари.
Инаку, да ве потсетиме дека концертот за тенор, сопран и пијано што се одржа синоќа во НУЦК„Марко Цепенков’’-Прилеп е поддржан од министерството за култура на Репубилка Северна Македонија.
Повеќе за атмосферата од синоќешниот концерт погледнете од фотографиите кој што следуваат во продолжение.
Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445
Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152
Коментари
Постави коментар