TRIO DOLCE со концерт во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

 Музичкиот состав синоќа одржа концерт во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Синоќа со почеток од 20 часот во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп се одржа концерт на музичкиот состав Трио Долче.

Трио Долче е музички состав кој е формиран во 2016 год и кој активно и успешно коцертира како на домашната така и на меѓународната музичка сцена. Трио Долче е во состав на Светлана Богданоска-Ристоски (флејта), Андријана Дукоска-Чело (виолончело) и Марија Шамоска-Буџаковски (пијано).

                                    Музички состав Трио Долче

Инаку, Трио Долче во своето 6 годишно постоење има добиено и повеќе награди меѓу кои:

- Прва награда – „LAUREATЕ“ златен медал, на меѓународниот уметнички фестивал во Италија - „Future Stars“ на фондацијата Sopravista International Festoval – Contest, во категоријата Инструментална музика.

- Втора награда, во категоријата Инструментална музика за камерни состави, на еден од најпрестижните Меѓународни музички натпревари во Москва, Русија - International Moscow Music Competition / Second prize winners.

- Прва награда „LAUREATE“ на INTERNATIONAL ONLINE CONTEST "PROMETHEUS" - Болоња, Италија.


Имено,Трио Долче на реномираниот музички фестивал MUZIKALE DELLE NAZIONI - Concerti del Tempietto во РИМ (ИТАЛИЈА), минатата година одржа целовечерен концерт во Teatro di Marcello, а исто така во септември минатата година одржа целовечерен концерт во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

На синоќешниот концерт што го одржаа во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“ беа изведеи дела на Farrenc, Weber, Brahms, Piazzolla, Трајко Прокопиев, Monti.

На концертот имаше многу присутни љубители на овој вид музика.

Инаку, ние направивме и краток разговор со Андријана Дукоска-Чело член на групата Трио Долче која што свири на виолончело и ни кажа дека синоќешниот концерт е подржан од министерството за култура на Република Северна Македонија.

Повеќе за атмосверата од синоќешниот концерт на Трио Долче погледнете од фотографиите во продолжение.





                                               Андријана Дукоска-Чело
Светлана Богданоска-Ристоски
Марија Шамоска-Буџаковски






 

                                                       Гимел радио

#Култура



За сите љубители на пишаниот збор ви ја препорачуваме книгата „Рој и златната кутија на Дејлинг“ од младиот автор Александар Ѓорѓиоски

Сите сакаме нашето лице, нашето тело, нашата кожа и коса да бидат добро негувани, а за да бидат добро негувани ви ги препорачуваме козметичките препарати од брендот на:





Гимел огласник:

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.

Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445

Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152







                               




















Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови