Манифестација „Поетско маркукуле 2023“ во Прилеп

 Во Прилеп по 16 пат се одржа манифестацијата „Поетско маркукуле 2023“...

Синоќа со почеток од 18часот на камената бина во Прилеп се одржа 16 издание на поетската манифестација „Поетско Маркукуле“ на кое што имаше учесници (поети) од поширокиот балкански регион како и од Канада и Австралија.

За овогодинешното 16 издание на „Поетско Маркукуле“ пријавени беа 220 учесници кој што своите творби претходно ги испратија и сега се објавени во зборникот „Поетско Маркукуле 2023“ кој што беше промовиран на истоименуваната манифестација.
Имено, во зборникот „Поетско Маркукуле 2023“ објавени се вкупно 220 авторски творби од домашни македоснки автори, а во најголем дел од поети од Прилеп кој што се т.н потпишува за домаќин на оваа манифестација.
Авторите кој што беа учесници на оваа манифестација се поделени во повеќе групи и тоа:
-Домашни автори;
-Странски автори;
-Автори од дијаспората;
-Млади автори до 18 години.
Од странските земји како и од земјите на балканот учество зедоа автори од Србија, Хрвтска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Австралија, Германија, Бугарија, Турција, Ерменија , како и од Полска, Украјна и од автори од Канада.

На вчерашниот настан што се одржа пред Камената бина во центарот на Прилеп учество зазедоа околу 150 учесници, а исто така и најмалку 13 учесници од дијаспората, но да напомене дека мал дел од учесниците кој што требаше да земат учество на вчерашната манифестација не беа присутни на истата но од кој причини не беа присутни на манифестацијата сеуште не се знае.

Манифестацијата беше под водителска капа на една од познатите водители во Прилеп, Цветанка Григорова.

Инаку, клубот на литературни творци во Прилеп ја презеде оваа манифестација во 2019 година откако дотогашниот организатор ЈУ Градска Библиотека „Борка Талески’-Прилеп се откажа од организацијата на оваа манифестација.
Добро познатата манифестација во Прилеп „Поетско Маркукуле“ е под покровителство на Општина Прилеп како и од Министерството за култура на Република Македонија и од уште неколку домашни компании.


На оваа манифестација имаше поголем број на присутни љубители на пишаниот збор, а помеѓу присутните беше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески како и Жанета Видевска директор на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп која што е дипломиран професор по македонски јазик и литература.



Говор на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески

Инаку, оваа манифестација со наслов „Поетско Маркукуле“ за прв пат се одржа во 2007 година и била по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски-Димкар. До 2022 година истата се одржуваше кај месноста наречена „Слонот“ што се наоѓа веднаш под марковите кули во Прилеп и над најстарата прилепска населба Варош, но од 2022 таа се одржува пред камената бина или доколку времеските услови се неповолни тогаш таа се одржува во киното Мис-Стон во Прилеп.


Повеќе за атмосферата од синоќешната манифестација погледнете од фотографиите кој што следуваат во продолжение.

Доделување на награда









Гимел радио
#Култура







Гимел огласник:

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.

Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.


Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп