Манифестација „Унгарски танци“ пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп (ВИДЕО)
Мнифестација наречена „Вечер на унгарски танци“ се одржа на платото пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Синоќа со почеток од 20 часот се одржа традиционалната вечер под наслов „Вечер на унгарски танци“ што НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ја организира заедно во соработка со здружението на унгарците во Република Северна Македонија, Теледом и исто така со поддршка на Амбасадата на Унгарија во Македонија.
На т.н традиционална вечер „Вечер на Унгарски танци“ настап зазедоа:
Оркестарот Јухас од Субогица- Војводина (Република Србија)- овој оркеестар е формиран во 2000 година во Суботица. Радоста на музицирањето и љубовта кон народната музика ги спои членовите на овој оркестар. Со текот на годините оркестарот стана еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина, но и на сите територии каде што има унгарско говорно подрачје.
Оркестарот е добитник на повеќе награди и признанија како во Војводина (Србија) така и во Унгарија, но исто така и во голем број држави низ Европа.
Годишно оркестарот одржаву околу 100 настапи на самостојни концерти или пак во придружба заедно со фолклорни ансамбли. До денес оркестарот има издадено 8 самостојни плочи. Карактеристиките кој што го издвојуваат овој оркестар се енергичниот звук, продорното и полно со живот пеење како и податливото служење како на играорците така и на публиката.
Дунав Танода- народен оркестар и фолклорно друштво-Баја (Унгарија)- е народен оркестар и фолклорно друштво кое што е формирано во 2019 година во градот Баја (Унгарија) со цел да ги подучува младите на автентична, звучна вокална народна унгарска музика и народни танци, тие да ги пренесуваат пред поголемата публика како и пред популаризацијата.
Денес веќе се подучуваат околу 500 деца и возрасни и со нивните уметнички групи и солисти се појавуваат на повеќе места и постигнуваат врвни резултати. Ова фолклорно друштво е учесник на голем број на натпревари, фестивали како и смотри дома но и во странство.
Синоќешниот концерт што се одржуваше пред платото од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп беше прекрасен, имаше и поголем број на присутни кој што со внимание го следеа концертот, а се разбира целата публика беше убаво расположена. На самиот крај се изигра традиционално унгарско оро на кое што се фатија и повеќе луѓе од публиката. Помеѓу присутните на концертот беа и Дарко Андреески, советник во Општина Прилеп како и Дејан Проданоски, претседател на советот на Општина Прилеп.
Повеќе околу атмосферата од синоќешниот концерт погледнете од фотографиите и видео-записите кој што следуваат во продолжение.
Гимел радио
#Култуа
Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи со број 195/50 R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж со број 165/70 R13. Повеќе информации на телефоснките броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Се продава сосема нов народен тапан. Тапанот е изработен од јагнешка кожа. Повеќе информации на телефонскиот број 079/210-445
Се бара актерска екипа за снимање на скечеви, реклами, комедии и сл, исто така се бараат и сниматели и монтажери (само за сериозни). Повеќе информации на телефонскиот број 074/209-152















Коментари
Постави коментар