Интерпол се вклучи во потрагата по 14 годишната Вања од Скопје

Од МВР соопштуваат дека истрагата продолжува и дека се преземени сите мерки и активности за пронаоѓање на Вања... Интерпол денес распиша меѓународна потерница за 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која што на 27.11.2023 година беше пријавена за исчезната од страна на нејзините родители Зорица и Александар Ѓорчевски. Како што соопштија од МВР, страгата продолжува понатму и се преземаат сите мерки и активности за нејзино пронаоѓање. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 година во 13:00 часот се ставени на СТОП-Листа на граничните премини од македонска страна, а на барање на МВР распишана е меѓународна потерница за исчезнатото лице, а потерницата е распишана од страна на Интерпол, се вели во соопштението на МВР. Инаку, од МВР ги демантираа информациите дека девојчето е пронајдено во некоја соседна држава, а воедно апелираат да не се шират било какви информации и посочуваат дека постојано ќе ја информираат јавноста со нови детали за овој случај. Доколку некој има било каква...