Скопје ги очекува учесничките делегации на Министерскиот совет на ОБСЕ
Република Северна Македонија е домаќин на 30-тиот Министерски совет на Организација за безбедност и соработка во Европа-ОБСЕ што се одржува од денес до 1-ви декември, на кој што се очекува да присуствуваат околу 1.000 делегати...
Република Северна Македонија е домаќин на 30-тиот Министерски совет на Организација за безбедност и соработка во Европа-ОБСЕ што се одржува во Скопје од денес до 1-ви декември, на кој што се очекува да присуствуваат околу 1.000 делегати.На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случува во Република Северна Македонија од нејзиното осамостојување ќе учевствуваат 76 делегации од 56 земји членки како и државни партнери на Организацијата.
Имено, состанокот ќе го одбележи присуството на првите дипломати на САД и на Руската Федерација, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров, што ќе го направи еден од ретките настани на кој што ќе се најдат двајца на исто место од почнувањето на руската инвазија врз Украина на 28 февруари 2022 година.
Иако засега нема највено присуство на Блинкен и Лавров, аналитичарите не ја исклучуваат можноста за евентуален состанок на кој што ќе се разговара за евентуално решение за конфликтот помеѓу Русија и Украина.
Инаку, америсканскиот државен секретар Блинкен доаѓа денес, а учевството на ОБСЕ ќе го започне со билатерална средба со министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи.
По потврденото учевство на Лавров, овој форум решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина, Димитри Колеба и на балтичките земји Естонија, Летонија како и Литванија.
Гимел радио
#Македонија
Коментари
Постави коментар