Донесен е новиот пакет на антикризни мерки
Владата го донесе новиот, деветти пакет антикризни мерки. Вреден е 662 милиона евра. Поддршката е таргетирана за ранливите категории граѓани и компании, а ќе почне да се спроведува од 1-ви декември…
Зголемување на новиот стандард за основци и средношколци, помош за студентите и пензионерите, поддршка како за земјоделците така и за компаниите. Владата денеска го објави новиот 9 пакет на антикризни мерки и тоа со 26 ставки кој што се со вредност од 662 милиони евра.
Имено, според премиерот и претседател на владата, Димитар Ковачевски е предвидена неколку месечна парична помош за најранливите категории на граѓани. Во наредните пет месеци финансиска поддршка по 3.000 денари месечно ќе има за пензионерите со ниски пензии. Овие мерки ќе важат од 1-ви декември годинава, а финансиите се обезбедени од солидарниот данок, а исто така се предвидени и во буџетот.
Инаку, првата мерка е наменета за учениците како и за студентите, 105 основци и средношколци ќе добиваат по 1.200 односно по 1.800 денари секој месец. Околу 15.000 студенти кој што живеат надвор од местото на студирање ќе добиваат ваучер за превоз кој што е во вредност од 600 до 1.200 денари. Мерката ќе трае до крајот на учебната 2023/24 година, односно за средношколвите ќе трае до крајот на мај, а за студентите ќе трае до јуни.
Овие мерки даваат можност и за зголемување на платите во приватниот сектор и тоа од 3.000 до 10.000 денари, а услов за тоа е во последните 3 месеци е да не е исплатена повисока плата од една ипол просечна плата, со што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси за вработените.
Инаку, со антикризните мерки се опфатени 120.000 лица, над 74.000 социјално ранливи катгории на граѓани, повеќе од 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, 540.000 корисници на аоликацијата „Мој ДДВ’’ како и 600.000 домаќинства и 70.000 компании.
Гимел радио
#Економија
Коментари
Постави коментар