Датумот за изборите ќе биде познат идната недела
Идната недела ќе се договори датумот за изборите на пролет. Тоа ќе се случи на лидерската средба во Собранието на Македонија, на која што ќе учевствуваат предводниците на парламентарните партии...
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски даде потврда дека претседателските и парламентарните избори може да се одржат во еден ден, а деталите ќе бидат продискутирани на лидерската средба на парламентарните партии во Собранието за официјално да се утврди датумот за изборите. Шефот на владата и премиер Ковачевски остава можност за укинување на техничката влада, иако за тоа треба консензус.
Од друга страна пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски инсистира на укинување на техичката влада на само 100 дена пред изборите.
Инаку, Мицкоски вели дека ова време е крајно и дека треба да се интервенира во законите и да се укине оваа можност, потенцирајќи дека граѓаните немора да бидат сведоци на конфликтите во привремената влада, а исто така и бизнисот немора да трпи додека актуелна е истата влада.
Собранието е отворено за лидерска средба посочи собранискиот спикер, Талат Џафери, кој што посочи дека на крајот на јануари 2024 година ќе се формира техничка влада и дека до крајот на февруари ќе бидат распишани изборите.
Гимел радио
#Политика
Коментари
Постави коментар