Временска прогноза и временска најава

 Според податоците кој што ни ги даваат од Управата за Хидро Метеоролшки работи на Македонија се вели дека...

Прогноза за 12.11.2023 година (недела)

Времето во Република Северна Македонија  ќе биде претежно облачно, во попладневните и вечерните часови ќе преовладуваат повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер кој што претежно ќе биде од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 2 до највисоки 18 степени целзиусови. Во пелагонниската котлина и Прилеп дневниот температурен максимум ќе се движи од најниски 4 до највисоки 13 степени целзиусови.

Прогноза за 13.11.2023 година (Понеделник)

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој што претежно ќе биде од северозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 2 до највисоки 19 степени целзиусови. Во пелагониската котлина и Прилеп дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 5 до највиски 15 степени целзиусови.


Прогноза за 14.11.2023 (Вторник)

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој што претежно ќе биде од јужен правец.                                              Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 19 степени целзиусови.

Прогноза за 15.11.2023 година (Среда)

Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на попладневните и вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа во западните делови до засилен ветер кој што претежно ќе биде од западен правец, а долж Повардарието ветерот ќе биде претежно од северозападен правец.                                                                                                                               Дневниот температурен максимум ќе се движи од најниски 0 до највисоки 20 степени целзиусови.

Прогноза за 16.11.2023 година (Четврток)

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој што претежно ќе биде од северозападен правец.


Според податоците кој што ни ги даваат синоптичарите како и УХМР за временската најава се вели дека во следните два дена ќе се задржи стабилно време кое што ќе биде проследено со сончеви периоди како и со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд.



                                                                                                  Гимел радио

                                                        #Сервисни информации








Гимел огласник:

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Се продава еден алуминиумски бандаж R13. Бандажот се продава со гума, а гумата е со број 165/70. Повеќе информации на телефонските броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.










                                                                     

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп