Се реставрира иконостасот во прилепскиот храм „Свето Благовештение’’
Се реставрира т.е се конзервира еден од трите најстари иконостаси во Македонија, кој што се наоѓа во прилепскиот храм „Свето Благовештение“...
Еден од трите највердни и најстари иконостаси во Македонија кој што се наоѓа во прилепскиот храм „Свето Благовештение“ трета година по ред се раставрира или козервира и се зачувува како светско богато и културно наследство и богатсво. Стручните лица од Завод и Музеј од Прилеп и Битола ја привршуваат заштитата за да нареднава 2024 година во завршнта фаза да ја зацврстат статиката за да не дојде до паѓање на иконостасот кое што е дело на мијачките мајстори.
Минатите две години прво се реставрираа северниот и средниот дел од овој иконостас, а годинава стручњаците го реставрираат јужниот дел од иконостасот во хромот „Свето Благовештение“ во Прилеп.Овој иконостас е меѓу трите иконостаси кој се највердни, а е прв по големина како вредно културно наследство кој е изработен од страна на мијачките мајстори во Македонија.
Во последната фаза до година треба да биде посветена на статика на вредниот иконостас, а во меѓувреме се заштитуваат и иконите во овој црковен храм кој што воедно е и најголемиот црковен храм во пелагонискиот регион.
Имено, иконостасот во хармот „Свето Благовештение“ е трет по оние во Бигорски манастир и црквата „Свети Спас“ во Скопје, но е прв по големина од шестнаесет на седум метри и претставува бесценето културно наследство, кое што е дело на мијачките мајстори од Македонија.
Гимел радио
#Култура






Коментари
Постави коментар