„Спокој“ изложба на уметникот Александар Стефановски
На 23-ти ноември со почеток од 19 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена изложбата „Спокој“ од уметникот Александар Стефановски...
На 23-ти ноември со почеток од 19 часот во изложбениот дел од НУ центар за култура „Трајко Прокопиев“-Куманово ќе биде отворена изложбата „Спокој“ од уметникот Александар Стефановски. На изложбата ќе бидат изложени 24 дела, а со оваа изложба в’сушност ќе започна и музичко-театарскиот перформанс кој што исто така е во организација на уметникот Александар Стефановски.Имено, целиот проект е со наслов „Спокој“, а самиот уметник Стефановски даде изјава за овој музичко-театарски перформанс.
“Музичко-театарскиот перформанс како увертирана изложба е еден вид прераскажување на самата цел на изложбата во форма на различни интерпретации како: дијалог, глума, стенд-ап, џез пијано, виолина, гитара, соло пеење, арт перформанс и џез перкусии. Идејата е да со музика и глума се направи интересен увод во самата изложба и нејзината првична цел, истражување на различни стадиуми на спокојност и мир на душата. И затоа и самите платна и слики ќе бидат покриени со црна кеса за присутните да се концентрираат на уводот аудитивно за да уживаат по отворањето на изложбата визуелно. А, во визуелната конотација спокојот се крие помеѓу контрастот на мирното и хаосот, помеѓу темното и светлото. Тоа е скриен момент на претчувство како нешто ќе се случи и дека нешто се исчекува во одложен момент на исчекување која страна ќе победи. Претставен со контрастот помеѓу текстурата (релјеф) и мазното (боена површина) за да и со допир (некои дела) или во контрастот се почувствува разликата помеѓу хаосот и мирот. Чувството на човекот пред да се смири или обратно. Затишје пред емоции или затишје после емоции во зависност како ќе си го доживее почитувачот на уметноста. Ако гледачот во тој даден момент е смирен ќе го восприма само мирниот дел од сликата (боена површина, светлото), а ако дојде со предвреме разгорени емоции ќе го доживее не-мирниот дел (релјефот, темното). Спокојот се крие во вечноста на мигот пред одлуката на која страна ќе биде повлечен субјектот кој гледа“-изјави уметникот Александар Стефановски.
Гимел радио
#Култура
Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж R13. Бандажот се продава со гума, а гумата е со број 165/70. Повеќе информации на телефонските броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.
Коментари
Постави коментар