Ноемвриската зима ќе продолжи, ќе има и двоцифрени минусни температури
Според податоците од УХМР прогнозата за следниве денови покажува дека ноемвриската зима сепак ќе продолжи. Зимска опрема и топла облека се неопходни, бидејќи во наредниве денови ќе имаме и двоцифрени минусни температури. Обилни врнежи се очекуваат во наредните денови, а за на планините се предвидува и повисока снежна покривка...
Многу студени утра и нова снежна обвивка предвидува прогнозата на УХМР. Според УХМР за следниве денови се прогнозира дека ноемвриската зима сепак ќе продолжи. Зимската опрема како и топлата облека се неопходни.„Ќе се задржи сончево и многу студено време, особено во утринските часови. Температурата во најголем дел од денот ќе се спушти под минус пет, а на доста места и под минус десет степени. Во Скопје очекуваме температура од околу минус десет степени. Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран кој на планините и на некои повисоки места ќе донесе повторно врнежи од снег, меѓутоа на пониските места врнежите ќе бидат од дожд“-изјави за медиумите Костадинка Арсовска од УХМР.
Имено, обилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде што на планините се прогнозира и зголемување на снежната покривка. По овие прогнози со апел излезе и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој што апелира да се користи зимска опрема, зимски гуми за автомобилите како и будно следење на прогнозите на УХМР и да нема возење на автомобили непотребно.
„Сите граѓани, да користат зимска опрема, да користат најмалку зимски гуми во периодот којшто доаѓа, но и будно да ги следат прогнозите на УХМР коишто се навистина прецизни. Ние неколку денови однапред знаевме дека во сабота попладне ќе вее снег, особено на планинските превои по коишто минуваат голем дел од нашите регионални и магистрални патишта. Апелирам до граѓаните, доколку има најави за врнежи од снег, ако не им е неопходно да не се движат со своите возила“-изјави за медиумите директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Инаку, првите зимски проблеми се јавија заедно со првиот снег. На бројот за итни случаи 112 имало 2039 повици, двојно од претходниот ден, а тројно во ЦУК, информираат од ЦУК.
Гимел радио
#Македонија
Коментари
Постави коментар