На јуниорскиот евросонг повторно победник е Франција

Македонската претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи кој“ го освои 12-тото место, а Грујеска имаше моќен настап во кој што ги покажа своите извонредни вокални способности...

На јуниорскиот евросонг втора година по ред победник е Франција. По минатогодишната победа на Лисандро, првото место годинава во Ница, Италија и припадна на Зои Клузор која се претстави со песната „Срце“.

Инаку, Франција ги освои максималните гласови од публиката која што гласаше преку интернет, но исто така доби и најголем број на гласови од националните жирија.  Имено, второто место и припадна на Шпанија, а додека третото место беше освоено од страна на Ерменија.

Нашата македонска претставничка, Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи кој“ го освои дванаестеттото место. Тамара имаше моќен и убав настап, во кој што ги покажа своите вокални способности, каде што по својот настап на социјалните мрежи напиша:

„Сакам да ви се заблагодарам за беспрекорната поддршка која ми ја дадовте изминативе пет месеци. Воедно, сакам да се заблагодарам на Македонската радио-телевизија што ми ја даде оваа можност да ја претставувам Македонија на овогодишниот Јуниорски Евросонг. Задоволството и честа се мои да бидам македонски претставник и гордо да ги претставам боите на нашата Македонија“ -напиша македонската претставничка Грујеска на социјалните мрежи.

Во продолжение погледнете го настапот на македонската претсавничка Тамара Грујеска која што ја изведе песната „Кажи ми, кажи кој“ на јуниорскиот евросонг годинава.

                                                      https://youtu.be/LOZmWRpqYks

                                                                                               Гимел радио

                                                     #Сцена

                                                   






Гимел огласник:
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи  R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Се продава еден алуминиумски бандаж R13. Бандажот се продава со гума, а гумата е со број 165/70. Повеќе информации на телефонските броеви 075/589-232 и 075/524-498 во стдиото на Гимел радио.
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.
Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен