Потенцијал за развој на туризмот има во Велес
Бројни туристи кој што се на поминување покрај или низ Велес. Зголемниот број на ноќевања покажува дека градот Велес има потенцијал за развој на туризмот, но како да се здржат иладните туристи кој што поминуваат по автопат и одат кон или се враќаат од Грција...
Зголемниот број на ноќевања покажува дека градот Велес има потенцијал за развој на туризмот. После овие информации се поставува прашањето „Како да се задржат туристите кој што го посетуваат Велес?“ за да останат повеќе од просечните (1 до 6) денови претставува дилемата на туристичките работници. Како градската каса да се полни со повеќе финансии, а се разбира преку туристичката такса. Ако лани имало рекорден број на туристи, тоа не е случај со бројот на ноќевања во Велес, кој што за разлика од претходните години, годинава е значително помал.
Имено, во Велес најбројни туристи се туристите од Србија, Романија, Унгарија, а по бројот на ноќевања, може да се констатира дека сите тие туристи се на пропатување кога патуваат за Грција, а додека пак туристите од САД, Германија и Турција во Велес остануваат околу 4 дена.
Ианку, Велес може да понуди и манифестации кој што се локални брендови кој што можат да донесат туристи како што на пример е манифестацијата посветна на велешката питијада кој што воедно претставува единствен фестивал на античка драма.
Исто така, во Велес и велешкиот регион може да се развива и културниот, верскиот, винскиот како и руралниот туризам. Тој исто така има и развиен ловечки туризам и привлекува туристи од Грција, Италија како и од Шпанија. Има можности и потенцијал, а исто така градот Велес има многу приказни кој што треба да се раскажат и да спојат во една.
Христијан Ангелески
Гимел радио
#Туризам






Коментари
Постави коментар