Македонската метропола и изутринава меѓу топ 10 најзагадени светски градови

 Македонската метропола Скопје и изутринава се наоѓаше на листата на топ 10 најзагдени градови во светот...

Макдеонската метропола, Скопје никако да се тргне од листата на најзагадени градови во светот. Жителите на Скопје и утринава се разбудија со густа магла и смрдеа. Граѓаните дишат токсични материи, а градските власти велат дека само се ширел популизам.  Според интернет апликацијата „Ај-кју-ер“ Скопје и утрово се најде на листата на топ 10 најзагадени светски градови, а од регинот пред Скопје се наоѓа главниот град на Босна и Хергеговина, Сараево. Граѓаните излегоа со реакција и бараат сериозност од градските власти, а за кои велат, дека ништо не работат.

Имено, екологистите по кознае кој пат реагираат и алармираат дека градот Скопје мора да направи сериозни чекори, и еднаш за секогаш да стави крај на овој проблем.

Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа. Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над Усје во периоди на високо аерозагадување. Но, тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје“-велат од ЗГХ.

Инаку, зелен хуман град обвинува дека индустријата загадува со помош на институциите, иако речиси дека никој не се придржува кон прописите за заштита на животната средина, а со тоа се предизвикува екстремно загадување.

Освен Скопје, на 15 место се наоѓа и главниост град на Косово, Приштина, а веднаш потоа следуваат главните градови на Србија и Хрвастака, а тоа се градовите Белград и Загреб.

Од градот реагираат дека се што се пласира во јавноста ги пишуваат како „партиски војници“ и велат дека текстовите за загадувањето биле нарачка од т.н „политички кујни“. 

Инаку, се со цел да покаже дека градот Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, скопската градоначалничка Данела Арсовска се повика на интернет страницата и апликација „Ај-кју-ер“ но за жал таму сеуште стои дека воздухот во Скопје е з 3 до 4 пати позагаден  над дозволеното.

      #Македонија






Гимел огласник:

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи  R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 078/330-188.

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп