Програма за чествување на свети Никола во Прилеп

Општина Прилеп како и изминативе така и оваа 2023 година ќе го одбележи патронот на градот, празникот Св.Никола.

Како што веќе е познато домаќин оваа година е компанијата „Комфи Ангел“, а од Општина Прилеп ја објавија програмата за чествување на патронот празник на Прилеп, празникот Св. Никола.

Прогрмата за градската слава е следна:

Чествувањето започнува во 08:00 часот со света божествена архиерејска литургија која што ќе се одржи во храмот „Св.Благовештение“ (стара црква), а со истата ќе чиноначалствува неговото височество митрополитот Преспанско-Пелагониски господин Петар.

Во 11:00 часот следува литија во чест на Св.Никола чудотворец, а истата ќе се движи од  храмот „Св. Благовештение“ до параклисот на „Св.Никола“ кој што се наоѓа во центарот на градот наспроти казиното Апекс.

Потоа во 11:30 часот ќе следува водосветот и прережувањето на славскиот колач кој што ќе се изврши пред самиот параклис на „Св.Никола“ во центарот на Прилеп.

На крајот за сите добронамерни луѓе и верници ќе биде послужена славсската и посна светиниколска трпеза, а во 12:00 часот на плоштадот Александрија ќе се одржи културно-уметничка програма.

Инаку, Св.Никола за градска слава е донесена во 2005 година. Донесена е за градска слава бидејќи рчиси повеќе од половина семејства во Прилеп ја слават Св.Никола како домашна слава.

Дежурната екипа на Гимел радио ви го честита празникот и патронот на Прилеп, Св.Никола и ви посакува убаво и празнично расположение.

                                                    #Локално






Гимел огласник:

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи  R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 078/330-188.

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп