Ученици од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп на пракса во реномирана здравствена клиника и универзитет во Турција
Учениците од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп кој беа дел од проектот Еразмус плус имаа праска во реномираната BHT клиника и Nisantasi универзитетот во Истанбул, Турција...
Проектите од Еразмус плус програмата им овозможија на голем број средношколци да се стекнат со знаења и искуства кој што во Македонија не се во можност да ги добијат. Пример за тоа е СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп кое што околу 12 години е дел од овој проект и досега имаат завршено голем број на пеоекти.На настанот кој што се одржа во самото училиште преку презентација во која што имаше фотографии беше презентирано за изгледот на просториите во болницата , како и за знаменитостите кој што ги посетиле учениците и професорите додека престојувале во Истанбул.
Инаку, од страна
на професор Митко Талески беше презенитарно што претсавува вештачката
интелигенција и како да се користи, а додека пак професор Костадин Стојаноски
кој што е предметен професор по историја во училиштето презентираше за
културните знаменитости кој што учениците и професорите ги посетиле со самиот
престој во Истанбул. Учениците кој што беа вклучени во проектот Еразмус+ програмата беа присутни
на презентацијата и ги презентираа своите искуства од проектот т.е презентираа што научиле и како го поминале
престојот таму.
На настанот пред
присутните се обрати и в.д директорот на училиштето, Жанета Видевска која што
го изјави следново.
„Девет ученици со двајца професори престојуваа 15 дена во Истабул, Турција и учевствуваа на мобилност во Истанбул. Мобилност од проектот Еразмус плус каде што стекнаа сознанија и вештини од областа на вештачката интелигенција и роботика во болницата BHT CLINIК, а исто така присуствуваа и во универзитетот Nisantasi универзитет од Истанбул, каде што имаа можност да присуствуваат на пракса, да се стекнат со европска пракса, да се стекнат со знаења, вештини, да се здобијат со нови идеи кој што ќе ги применат во теоретското и во практичното занење, а ќе го применат и во практичната настава. Исто така друга група составена само од професори и јас како директор на училиштето, професорката Неда Ченто како координатор на проектот и уште тројца професори учевствувавме на обуки во болницата, за која како што спомнав е водечки ценар за вештачка интелигенција и роботика во областа на медицината. Тука се запознавме со делови од науката од вештачката интелигенција, како поддршка од технолоигијата за наставниците, со тоа што она што го видовме навистина е изненадување за учениците, нешто со што досега не се сретнале, се вратија со богати импресии, ново знаење,видоа нешто ново што неможат да го видат овде и на некој начин нашето училиште околу 12 година учевствува во проектите од Еразмус плус програмата. Учениците секаде каде што се испратени достојно го претсавуваат нашето училиште, а и нашиот град Прилеп како и нашата татковина Република Македонија и она што таму ќего научат, оние знаења со кој што ќе се стекнат се враќаат назад ги споделуваат и ги применуваат во практичаната настава“-ијави пред присутните в.д директорот на училиштето Жанета Видевска.
Реализацијата на
овој проект беше овозможена од Националната агенција за европски образовни
програми и мобилност.
„Овој проект е од особена важност за личниот и
професионалниот развој на нашата училишна заедница како и за зголемување на
атрактивноста и релевантноста на нашето училиште. Проектот овозможува трансфер
на стекнато знаење и искуство на останатите ученици и професори и секако негова
имплементација во ралниот сектор во здравството и образованието“-додаде Неда Ченто координатор на
проектот.
Учениците од
здравствената струка кој што беа вклучени во проектот стекнале одлично искуство
и знаење и сакаат и кај нас да има болница со современа апаратура и така
поставен здравствен систем како во Турција.
„Со овој проект јас мислам дека моите очекувања
беа дефинитивно надминати, а ние видевме и техники и технологија како и луѓе
кој што имаат многу знаење и мислам дека ни влиаеше и нас учениците. Јас ова го
зедов како позитивно искуство и вистина ми ги надмина моите очекувања.
Болницата и универзитетот ги надминаа моите очекувања, а универзитетот исто
така беше опремен и беше преголем и преубав каде што имаше и премногу ученици.
Тие пробуваа да ни ги раскажат и да ни ги објаснат сите процедури и начини на
кој што го организираат своето училиште и болницата и тоа мислам дека треба и
нас да ни влијае како на сите и на државава, нашите болници и училишта за да
можеме да си ги подобриме здравството и едукацијата. Најголем впечаток ми
остави болницата. Болницата беше навистина предобра, а беше и премногу чиста и
имаше технологија која што е премногу развиена и многу помага со медицината во
Истанбул. Луѓето и докторите од болнцата беа многу едуцирани и со високо знаење
и пробуваа со најдобра способност да ни
ги објаснат начините на кој што таму работат.“-изјави за медиумите Матеј Шлакески, ученик во
трета година во медициснката струка.
Инаку, од
училиштето веќе била договорена и друга група на ученици кој што требало да ги посетат болницата и универзитетот во Истанбул се со
цел за надоградување на нивните знаења и искуства.
Натанот се одржа
во просториите на училиштето, а на истиот беше присутен и Дејан Проданоски кој
што е претседател на советото на Општина Прилеп. По завршувањето на настанот
следуваше и мал коткел за присутните.
Христијан Ангелески
#Образование
Гимел огласник:
Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449
Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат два челични бандажи R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 078/330-188.
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.
Коментари
Постави коментар