Препораки за загадениот воздух во Струмица и Кичево

 Надлежните институции издадоа препораки до општините Струмица и Кичево каде последниве два дена се измерени високи концентрации на ПМ-10 честички...

По втор пат Министерството за Животна Средина (МЖС) е со препораки до граѓаните на Општина Струмица поради високата аерозагаденост. Во вторникот во Струмица беа измерени 185 на микрограми ПМ-10 честички  на метар кубен во воздухот, а вчера беа измерени 206 на микрограми ПМ-10 честички на метар кубен во воздухот што повторно го вклучи алармот кај надлежните.

„Се препорачува работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар со препорака на матичен лекар. Им се препорачува на работодавците да го реорганизираат работното време за лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот“-велат од Министерството за Животна Средина.

Имено, граѓаните на Струмица потврдуваат и изјавуваат дека загаденоста на воздухот најмногу се случува во текот на вечерните и ноќните часови, а како резултат на загедноста се принудени да не излегуваат надвор, а тие исто така бараат преземање на одредени мерки од страна на надлежните институции.

Еко-активностите сметаат дека индустриските капацитетети се најголемите загадувачи во Струмица, поради што за време на викендите аерозагаденоста на воздухот се намалува. 

Инаку, граѓаните на Струмица уште пред околу 20 дена имаа препораки за полесно справување со аерозагаденоста, кога Струмица го надмина прагот и два дена имаше високи концентрации на ПМ-10 честички во воздухот .

        #Македонија






Гимел огласник:

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат два челични бандажи  R15. Бандажите се продаваат заедно со гуми, a гумите се со број 175/50. Повеќе информации на телефоснкиот број 075/589-232

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 078/330-188.

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп