Лекот „Трикафта“ од понеделник ќе го добијат уште седум пациенти
Лекот „Трикафта“ од понеделник ќе го добијат уште седум пациенти, а од наредната 2024 година за сите ќе има лек...
Лекот „Трикафта’ од понеделник ќе го добијат уште седум пациенти со цистична фиброза, а лекот е стигнат на детската клиника во Скопје. Постепено на оваа терапија ќе бидат вклучени и други пациенти и лица со цистична фиброза кој што ги исполнуваат условите според потребните протоколи за примање на овој лек.
Имено, со буцет од 100.000 денари наредните 3 месеци покриени се и првите 12 пациенти кој што веќе ја примаат оваа терапија. Потоа во наредниве две година т.е во 2024 и во 2025 година со обезбедени 850.000.000 денари државава преку директни преговори ќе го купува лекот „Трикафта“ од производителот. Тогаш ќе бидат опфатени сите 55 пациенти со оваа болест кој што во овој момент за жал се на листата на чекање. Освен за пациентите над 12 години, ако проценат лекарите и ако им е влошена состојбата на пациентите модуларната терапија ќе им се дава и нё оние кој не се со оваа бројка на години.
Инаку, од асовијата за цистична фиброза се задоволни што конечно пациентите ќе го добијат лекот по кој што сонувале повеќе години, а тоа е лекот „Трикафта“.
По притисоците од јавноста, протестите на пациенти кој се случувуваа во Скопје како и по смртта на Благојче Илиевски кој што не го дочека лекот „Трикафта“, лекот беше набевен во март за само 8, а подоцна и за уште 4 пациенти кој се соочуваат со оваа ретка болест позната како цистична фиброза.
#Македонија
Коментари
Постави коментар