Над 150 деца во Прилеп ќе пејат бадникови песни во центарот на Прилеп

Над 150 деца во еден глас ќе пејат бадникови песни.Во сабота ќе пренесат љубов и радост до секого во центарот на Прилеп...

Над 150 деца од различни возрасти ќе учевствуваат на Бадниковата поворка оваа година во центарот на Прилеп. Во центарот на Прилеп исто така е поставена и бадникова пештера, а децата од различни возрасти веќе одлично ја имаат научено бадниковата песна „Вечниот бог“ и уште неколку други духовни песни. кој ќе ги спојат на камената бина во Прилеп во 11 часот претпладне.

Имено, децата неуморно вежбаа во изминатиот период, а утре наутро на Коледе  ќе прошетаат низ прилепските улици во прилепската чаршија и до секого ќе ја пренесат празничната магија за Коледе, Бадник и Божиќ. 

Имено, оваа година бадниковите поворки ќе се одржуваат под мотото „Почувствувај радост“, а додека пак прилепската поворка ќе започне во 10 часот во црковниот храм „св.Кирил и Методиј“. Покрај традиционалната бадникова „Вечниот бог“ децата кои се под менторство на Викторија Георѓиоска, ќе ги отпеат и песните „Тропар на Рожденство Христово“ како и „Кондак на Рождество Христово“

“Дечињата најпрво ќе бидат пречекани од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, а потоа со песна ќе продолжат низ уличките на Старата чаршија, од каде одново ќе се вратат пред Бадниковата пештера, а на крајот ќе се упатат до храмот „св. Кирил и Методиј“ – Параклис”-изјави за прилепските медиуми Катерина Лавкоска, координатор на здружението „Бадникови Поворки’’ во Прилеп.

#Локално






Гимел огласник:

Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен