Одржана е 37-та седница на советот на Општина Прилеп
Денес во просториите на Општина Прилеп беше одржана 37-та седница на општинскиот совет...
Денес во просториите на Општина Прилеп беше одржана 37-та седница на советот на Општина Прилеп.На седницата беа дискутирани 16 точки.
„Седницата на Советот на Општина Прилеп започна со утврдување на дневниот ред, а пред советниците се најдоа 16 точки.
Членовите на Советот на Општина Прилеп дадода позитивно мислење за Предлог-Извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп, за 2023 година.
Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации, како и Предлог-Одлуките за: Усвојување на програмата за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за 2024 година, Давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, За усвојување на Финансиски план на ЈКП Комуналец Прилеп, за 2024 година, За давање согласност на Финансискиот план за работењето на ЈП за ПУП Прилеп за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, За усвојување на Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп-планирани активности во 2024 година, За давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП за ПУП Прилеп за 2024 година, За давање согласност на Програмата за работа на ЈКП Пазари Прилеп, за 2024 година, За усвојување на Финансиски план на ЈКП Пазари Прилеп, за 2024 година.
Исто така мнозинството советници дадоа согласност на Програмата за реализација настава во природа за учениците од V (петто) одделение на ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп за учебната 2023/2024 година, За разрешување и именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ “Кирил и Методиј”с.Канатларци -Прилеп, За измена на Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈОУ Градска Библиотека „БоркаТалески“Прилеп и на Предлог-Одлуката за прифаќање на донација на Општина Прилеп.
Последните две точки односно Предлог-Одлуки беа изгласани со 15 гласа ЗА, и тоа: Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка на Детален урбанистички план за УЕ 5-дел, плански опфат Ц - Општина Прилеп и Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за четврт 3, блок 3.1, Општина Прилеп, плански период 2023–2028.“-стои во објавата на Општина Прилеп на социјалната мрежа фејзбук.
На седницата говор одржаа градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески како и претседателот на советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
#Локално
Гимел огласник:
Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.
Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449
Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.
Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.






Коментари
Постави коментар