Во сабота ќе се одржи настанот „На Василица во Прилеп“
Настанот на „Василица во Прилеп“ е во организација на Општина Прилеп и се одржува трет пат. Годинава ќе се одржи на 13.01.2024 година (сабота) пред платото од градскиот саат...
На 13.01.2024 година (сабота) со почеток од 12 часот на пладне пред платото кај градскиот саат во Прилеп ќе се одржи настанот „На Василица во Прилеп“. Настанот ќе се одржи трета година по ред, а е во организација на Општина Прилеп. На настанот ќе има бурек со паричка, а за среќниот пронаоѓач на светата паричка ќе следува и скромна награда.
По тој повод со свое соопштение излезе и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
По тој повод со свое соопштение излезе и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
„Почитувани сограѓани, сакам да ве поканам во името на Општина Прилеп, во сабота на 13-ти јануари, ден пред големиот празник Св. Василиј Велики-Василица или уште како и што народски си ја викаме православна Нова Година во 12:00 часот на платото пред градскиот саат заедно да го одбележиме празникот, почитувајќи ги нашите вековни обичаи.
Целта е овие прекрасни наши христијански празници и обичаи да ги изнесиме надвор помеѓу народот и да ги одбележиме заедно.
За среќниот добитник следува пригоден и симболичен подарок. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои што се веќе вклучени и го поддржуваат овој настан, а се разбира дека секој е добредојден кој што сака да го помогне и поддржи овој настан, затоа што ова се прави за сите граѓани на Прилеп и за заедништво во нашата општина.“-се вели во соопштението од Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп.
#Локално
Гимел огласник: Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле. Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449 Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844 Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883 Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883 Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти. Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188. Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844. Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.
Коментари
Постави коментар