Одржан настан под мотото „На Василица во Прилеп“

Денеска со почеток од 12 часот напладне на платото кај градскиот саат се одржа манифестацијата под мотото „На Василица во Прилеп“...

Денес со почеток во 12 часот напладне пред платото кај градскиот саат во Прилеп се одржа манифестацијата под мотото „На Василица во Прилеп“. Оваа манифестација се одржа по трет пат, а на манифестацијата за присутните беа поделени топол чај, греано вино како и традиционалниот василичарскиот бурек со паричка. 

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој што им ја честиташе православната нова година Василица и упати апел да се почитуваат  и пренесуваат од генерација на генерација македонските обичаи и традици.

„Ден пред празникот, сакам да ви ја честитам православната нова година или Стара нова година како што уште и си ја нарекуваме, традиционален празник кој се прославува како почеток на Новата година според јулијанскиот календар. Воедно и празникот Св. Василиј Велики-Василица, кој што традиционално се празнува во Прилеп и сме една од општините во Македонија, каде што на овај празник традиционално вртиме пита или лепче со паричка и според обичаите веруваме дека во текот на годината ќе го следи среќа оној на кој што ќе му се падни паричката.

По тој повод, денеска тука од центарот на Прилеп трета година по ред со настанoт „На Василица во Прилеп“ го одбележуваме празникот и воспоставуваме една традиција, која што сигурен сум дека ќе ја надоградуваме во текот на наредните години со цел да прерасни во уште поголем настан кој што е единствен од ваков тип во Македонија и ќе претставува уште еден препознатлив знак на градот Прилеп.

Сакам да им се заблагодарам на општествено одговорните компании: пекари, винарии и ресторани кои што дадоа свој придонес за реализација на овој настан.
Поделивме парче бурек, топол чај и греано вино за сите присутни а за најсреќниот граѓанин кој што ја најде паричката, подаривме еден скромен и симболичен подарок, со кој што му посакавме здравје, среќа и бериќет него и на неговото семејство.
Сакам да испратам една порака од денешниов настан, да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници, и да се трудиме да ги продолжуваме и негуваме нашите обичаи кои што претставуваат корени на нашето постоење и со кои што и тоа како се истакнуваме и ја промовираме нашата македонска култура во светот.
Нека е за многу години да сме здрави и живи.“-порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески пред присутните.
За среќниот пронаоѓач на василичасрката паричка следеше и пригодна награда која ја додели Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески.
Инаку, настанот беше помогнат од повеќе прилепски компании кои што донираа бурек и пијалоци.

Христијан Ангелески

#Локално






Гимел огласник: Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле. Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449 Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844 Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883 Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883 Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти. Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188. Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844. Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен