Повторно воспоставен железничкиот сообраќај на релација Велес-Гевгелија

 Железничкиот мост кај реката Црна е саниран и е повторно во функција, а исто така е пуштено во употреба и железничката линија Велес-Гевгелија...

Повторно воспоставен е железничкиот сообраќај на линија Велес-Гевгелија, откако беше извршено санирањето на мостот кај реката Црна.  Испитувањата кој беа извршени по санацијата покажале дека тој може да го издржи товарот на возовите кои тука поминуваат секојдневно.

Изведувач на градежните работи на мостот беше фирмата “Синтек Инжинеринг’’ од Скопје, која што за само 37 дена го санираше мостот наспроти рокот од 45 дена. Истата фирма го санираше и првот блок од мостот кој беше оштетен во 2018 година.

Имено, мостот од надојдената река бил попуштен за дури 24 сантиметри. Но, според стручните лица, покрај санацијата на овој мост ќе треба да се гради и нов мост до веќе постоечкиот мост. 

Инаку, по пауза од 52 дена повторно е воспоставен железничкиот сообраќај на солунското пристаниште за Средна Европа, за што се користеше и алтернативен превоз преку Бугарија. Според првичните проценки инфраструктурата на Македонски Железници секојдневно трпеше загуби од околу 30.000 евра или вкупно околу 1,5 милиони евра, од приход од транспорт на стоки кој што требаше да се реализира.

#Македонија






Гимел огласник:

Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп