Намалена е видливоста на патните правци Скопје-Велес и Струмица-Ново Село

Поради магла намалена е видливоста на патните правци Скопје-Велес и Струмица-Ново Село...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни и зимски услови. Има намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла на патните правци Скопје-Велес и Струмица-Ново Село.

Инаку, интензитеот на патните правци надвор од градските средини се одвива непречено по претежно влажни и зимски услови. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања како за влез така и за излез од државава.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, ососбена на патиштата низ котлините, речните долини или пак клисурите каде што има можност од појава на одрони, а ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Патниот правец Охрид-Ресен преку НП „Галичица“ е затворен за секаков вид на сообраќај, а исто така во тек е задолжително носење на зимска опрема во возилата.

За повеќе информации тука се бесплатните телефонски броеви на АМСМ.

(02) 15-555 за повеќе информации и 196 за помош на пат.

#Сервисна информација






Гимел огласник:

Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.

Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен