Реакции по претседателските избори во Тајван
По претседателските избори во Тајван се огласија и од белата куќа на САД, а од таму велат дека не ја поддржуваат независноста на островот...
По изборите во Тајван и поддршката на владејачката партија за трети по ред претседателски мандат, се огласија и од белата куќа на САД, а од таму велат дека не ја поддржуваат независноста на островот.
Имено, Лај Џинг вети дека ќе му се спротивстави на Пекинг, но и дека ќе бара преговори. Прашањето на Тајван се однесува на внатрешната работа на Кина, а без оглед на промените има само една Кина, е првата реакција на новиот тајвански претседател кого Кина го смета за сепаратист оти го поддржува независен Тајван.
Презентер на национална кинеска телевизија вели дека меѓународната агенција ќе продолжела да се придржува до принципот една Кина.
„Принципот на една Кина е цврсто сидро за мир и стабилност во Тајванскиот теснец. Ние веруваме дека меѓународната заедница ќе продолжи да се придржува до принципот една Кина и ќе ја разбере и поддржува правичната кауза на кинескиот народ да се спротивстави на сепаратистичките активности на „независноста на Тајван“ и да се стреми да постигне национално обединување“-ијави за кинеските медиуми Џи Менг, презентер на национална кинеска телевизија.
#Свет
Гимел огласник:
Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.
Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449
Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844
Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.
Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.






Коментари
Постави коментар