Бадникови поворки во Прилеп, одржани под мотото „Почувствувај радост“

Под мотото „Почувствувај радост“ и годинава во Прилеп се одржаа Бадниковите поворки, а во нив учевствуваа околу 250 деца...


И годинава во Прилеп под мототот „Почувствувај радост“ се одржаа бадниковите поворки во Прилеп.

Имено, годинава на оваа манифестација учевствуваа околу 250 деца од различни возрасти кој што на камената бина во строгиот центар на Прилеп ја пееја традиционалната коледарска „Вечниот Бог“, а исто така изведоа и други две коледарски песни „Тропар за Рожденството Христово“ и „Кондак на рожденството Христово“, а градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на сите деца кои учевствуваа на оваа годинашна бадникова поворка им додели и бадникови подароци.

Катерина Левкоска која е координатор на овогодинашните „Бадникови поворки“ вели дека традицијата опстојува веќе 14 година и дека од година во година се повеќе деца учевствуваат во поворката.

Годинава се пријавија околу 250 деца и сите заедно пееја во еден глас. Вежбавме околу еден месец, имавме проби во НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп, а исто така имавме и работилница за изработка на ѕвездичките за достојно да го дочекаме Божиќ. Интересот е многу поголем за разлика од минатата година, родителите се поинформирани бидејќи станува помасовно.Поворките се случуваат веќе 14 година. Оваа година имаме во 75 населени места и во неколку општини во дијаспората“-изјави за медиумите Катерина Левкоска, координатор на „Бадниковите поворки’.

Инаку, годинава со оглед на поскаупавњето на цните на прехранбените производи и инфлацијата во државава бадниковите и божиќните трпези ќе бидат поскромни за разлика од изминативе неколку години.

Во центарот на Прилеп денеска беше доста раздвижено.

Христијан Ангелески

                                                                                                                                    #Локално






Гимел огласник:

Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.

Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен