Временска прогноза и временска најава

Според податоците од управата за хидрометеоролошки работи на Македонија времето ќе биде...

Времето денес во нашата држава ќе биде променливо облачно со повремен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот од денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Дневниот температурен максимум ќе се движи во иннтервалот од најниски -1 до највисоки 15 степени целзиусови.

Времето утре  07.01.2024 година во нашата држава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кои ќе биде поизразен долж повардарието.


Прогноза за 08.01.2024 година (понеделник)

Времето во нашата држава во понеделник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервал од  најниски 1 до највиоски 11 степени целзиусови.

Прогноза за 09.01.2024 година (вторник)

Времето во вторник во нашата држава ќе биде променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Побвардаритео ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интетвалот од најниски -5 до највисоки 6 степени целзиусови.

Прогноза за 10.01.2024 (среда)

Времето во среда во нашата држава ќе биде Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -8 до највисоки 7 степени целзиусови.


Временска најава

Под влијание на циклонска активност времето до понеделник ќе биде облачно со повреемни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утре преку целиот ден поради спуштање на воздушна маса вренжите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, особено на повисоките места во западните делови. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување следната седмица.

*Извор на информации-УХМР

#Сервисни информации






Гимел огласник:

Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Во „Марија шминка и фризура“ ви нудат шминка и фризура но без високи уметнички фантазии. Се наоѓаат на улица „Горан Миноски“ број 86 или стара улица „Београдска“. Телефон за контакт 075/330-188.

Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен