Временска прогноза и временска најава

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија времето ќе биде...

Според податоците од УХМР времето денеска во нашата држава ќе биде сончево со мала локална облачност и претежно тивко. Температурата ќе се движи во интервал од најниски -4 до највисоки 17 степени целзиусови.

Според податоците од УХМР времето утре во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност време. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе се засилува. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -3 до највисоки 19 степени целзиусови.

Прогноза за 19.02.2024 година (понеделник)

Според податоците од УХМР времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -5 до највисоки 17 степени целзиусови. 

Прогноза за 20.02.2024 година (вторник)

Според податоците од УХМР времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер кој претежно ќе биде од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -2 до највисоки 14 степени целзиусови.

Прогноза за 21.02.2024 година (среда)

Според податоците од УХМР времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони ќе има услов за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер кој претежно ќе биде од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 15 степени целзиусови.

Временска најава

Утре долж Повардарието наместа повремено ќе засилува северен ветер. Од почетокот на неделата облачноста ќе се зголемува и во вторник ќе има појава на повремени локлани врнежи од дожд. Во деновите потоа ќе има слаби услови за појава на краткотраен дожд.

#Сервисни информации





Гимел огласник:

Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.

Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449

Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844

Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883

Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај  автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.

Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски

РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот  број 077/755/844.

Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови