По трет пат Valentine Outleet Weekend во Прилеп

По трет пат во Прилеп ќе се одржи Valentine Outlet Weekend. Овој настан ќе трае од 14 до 17 февруари годинава...

Во Прилеп и годинава по трети пат ќе се одржи Valentine Outlet Weekend. На овој настан ќе има до 50% попуст, а се одржува во чест на празникот Валентајн.

„Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, се подготвува третиот по ред „OUTLET Weekend“ во Прилеп кој ќе се одржи од 14ти до 17ти февруари и го носи името Valentine Outlet Weekend, поради празникот Свети Валентајн.

Прилепските дуќанџии и угостители на своите излози ќе имаат постер со заштитното лого од настанот, за купувачите да знаат каде можат да пазарат во овие четири дена со попуст. Настанот во своите две претходни изданија предизвика навистина голем интерес, особено кај купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп покажа дека знае да понуди шопинг забава.
И овој пат попусти како што очекуваме и како што велат прилепските трговци, ќе има до 50%!
Попустите и пропратната забавна програма сигурни сме дека ќе создадат една убава атмосфера која ќе предизвика позитивно искуство кај сите купувачи што ќе го посетат Прилеп во овие 4 дена. На самиот ден Валентајн на неколку пунктови низ градот ќе се нуди греано вино и ракија, а во останатите денови посетителите ќе ги анимираат реномирани DJ и куклени аниматори. Интересни содржини и пакет-услуги со попуст за време на одржувањето на овој настан ќе понудат рестораните и кафетериите што ќе претставува посебно уживање за сите оние кои што ќе дојдат на шопинг во Прилеп од 14ти до 17ти февруари.
Локалната самоуправа на Општина Прилеп останува верен партнер на прилепската чаршија, која што надалеку е позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.
За сите информации и случувања од настанот љубителите на шопингот и посетителите на „Valentine Outlet Weekend“ ќе можат да се информираат доколку ја следат фејсбук фан страната од Општина Прилеп и Инстаграм профилот кој што е креиран за овој настан.“-се вели во соопштението од Општина Прилеп.

#Локално



Гимел огласник:
Се продава мобилен телефон Iphone 6s. Повеќе информации на телефонскиот број 075/589-232 кај Златко Ангеле.
Се продава куќа во село Беловодица (прилепско). Куќата е легализирана и со документи, а цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 071/740-449
Се продава автомобил Fiat Multiged 1.6 со поминати 150.000km. Автомобилот е со направен фул-сервис. Контакт телефон 077/755-844 Се продаваат бебешка облека и бебешки обувки. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Се продаваат две јамболии бела и црвена, цената е по договор. Повеќе информации на телефонскиот број 075/562-883
Во берберскиот салон „Чумко“ ви нудат стрижње, стрижење нула, стрижење на брада и бричење на брада. Се наоѓаат на улица „Васко Карангелески“ кај автобуската постојка Педанот. Работат од понеделник до сабота. Телефон контакт 076/977-070. Од берберскиот салон „Чумко“-Прилеп мислат на своите клиенти.
Се издава книга со наслов „Рој и златната кутија на Дејлинг’’. Книгата е фантазија за деца и возрасни. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/590-701 дирекно кај авторот Александар Ѓорѓиоски
РадиоТелевизсики Сервис „Панасоник’’-Прилеп ви нуди поправка на секаков вид на телевизори, музички и ДВД плеери како и поправка на сателитски антени, мобилни телефони, видео плеери и други апарати за домаќинство. Се наоѓаат на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп или барајте ги на телефонскиот број 077/755/844.
Радио Гимел ви нуди можност за симнување на песни во УСБ стик. Повеќе информации на телефонскиот број 075/524-498 во студиото на Гимел радио.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови