Државната матура ќе се полага од 1 до 8 јуни

Годинава државната матура ќе се полага од 1 до 8 јуни и тоа во училишните ходници и училишните спортски сали...

Годинава државната матура ќе се полага од 1 до 8 јуни но наместо како досега во училниците таа ќе се полага во училишните ходници и училишните спортски сали каде што ќе има повеќе тестатори и подобри услови за полагање на истата.

Имено, новината од повеќе тестатори и полагање во големи простории ќе овозможи подобри контроли на случувањето во текот на целиот процес на полагање на матурата, а исто така ќе ги оневозможи препишувањата на тестовите и споделување на истите по социјални мрежи како што се случи минатата година со препишување и споделување на тестот по англиски јазик на социјалната мрежа вајбер.

Целта на новиот начин за полагање на државната матура е тоа што треба да има самостојно решавање на тестот како и почитување на правилата за државна матура воведени со воведувањето на државната матура во 2007 година.

Од Државниот испитен центар (ДИЦ) очекуваат промената да овозможи подобра работна атмосфера, матурантите да го покажат своето објективно знаење како и резултатите од самата матура ќе бидат поверодостојни.

„Очекуваме оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резулатите од самата државна матура ќе бидат поверодостојни “-изјавија од Државниот испитен центар (ДИЦ).

Инаку, работно група  на ДИЦ во која учевствуваат и претсавници на МОН, ги контактирале сите средни училишта и собрале податоци за нивните просторни услови, а според нив најголем дел од училиштата имаат доволен број на простории за своите ученици, а само мал дел од училиштата немаат доволен број на простории за полагање на државната матура, а дел од матурантите државната матура ќе ја полагаат во најблиското средно училиште во кое има услови за полагање на истата.


#Македонија

Извор:МРТ


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови