Убиство синоќа во Прилеп. Убиено е 15 годишно момче

Убиство синоќа се случило во Прилеп, а било убиено15 годишно момче. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот...

Синоќа во строгиот центар на Прилеп веднаш спроти НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп се случило убиство помеѓу малолетници кои биле од селото Сенокос.

Имено, како што се дознава група на малолетници прво нападнале, а потоа до смрт со нож избоделе младо момче пред деветокатницата.

Според информациите кои ги дознавме од очевидци , момчето се обидело да побегне и паднало пред хотел „Скопје’’ каде што им подлегнало на повредите при што и починало. На местото на настанот ведбаш интервенирала итната медицинска помош каде што констатирала смрт на повреденото момче, а биле известени и органите на МВР.

Починатото момче во овој момент се наоѓа во болничката капела од ЈЗУ Општа Болница со Проширена Дејност „Борка Талески“-Прилеп.

Инаку, засега идентитеот на починатото момче е непознат, а според неофицијални информации момчето имало 15 години било од ромска припадност и било од прилепското село Сенокос.

Повеќе информации околу овој случај се очекуваат во текот на денот.


#Локално




Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп