Нови 56 случаи на заболени од голема кашлица

Расте бројот на заболени со голема кашлица, минатата недела има нови 56 заболени случаи од голема каплица...

Институтот за јавно здравје од 23 до 29 февруари годинава регистрира 56 нови случаи на заболени од големата кашлица, од кои 54 случаи се во Скопје, а додека пак по еден случај има во Струмица и Дебар. Најголем број се деца на возраст од 10 до 14 години. 

Имено, од новите 54 случаи се хоспитализирани три лица и тоа две деца на возраст од по една година и едно е на возраст помеѓу 1 и 4 години.

Заклично со 29 февруари годинава во државава се регистрирани вкупно 123 случаи на голема кашлица, а најголем број од нив се во македонската метропола Скопје. Од регистрираните 123 случаи пет лица се од Тетово, четири лица се од Куманово, два случаи на голема кашлица се регистрирани во Гостивар и по еден случај е регистриран во Струга, Струмица и Дебар.

Од вкупниот број на регистрирани случаи со голема кашлица, 77 лица не биле вакцинирани или не биле комплатно вакцинирани согласно нивната возраст. Од заболените 27 лица се наоѓаат на болничко лекување и тоа 22 заболени се деца на возраст до четири години, информираат од Институтот за Јавно Здравје.

Инаку, согласно препораките од комисијата за заразни болести и Институтот за Јавно Здравје, во периодот од 18 јануари годинава па се до подготовка на овој прилог, сите вакцинални пунктови во земјава, во соработка со епидемиолошки служби од Центарот за Јавно Здравје, вршат интензивно пребарување на неевидентираните, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и лицата кои подложат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно календарот за имунизација.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови