Претприемачки натпревар во Прилеп. Натпревар организиран од страна на невладината организација ADEY

Во Прилеп се одржа најголемиот ADEY настан т.е натпревар. Натпреварот беше организиран од страна на младинската невладина организација ADEY...
На 20.3.2024 година со почеток од 11 часот претпладне во просториите на спортската сала при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржа најголемиот ADEY настан. Настанот беше организиран од страна на младинската невладина организација ADEY, а истиот беше и со натпреварувачки карактер.

Имено, на настанот имаше група на натпреварувачи од пет основни училишта од Прилеп, а учениците беа под менторство на нивни наставници ментори. 
На настанот присутен беше и претседателот на организцијата Михаил Ангелески кој изјави дека му е чест и задоволство што се одржа настан со таков натпреварувачки карактер. 

„Чест и задоволство ми е што денеска сте дојдени тука на овој настан и заедно да го проследиме истиот и да видиме всушност што нашиот тим работеше цела година. Навистина ви посакувам топло добредојде на сите, а исто така им посакувам среќа на нашите финалисти кои ќе се натпреваруваат тука. Ова ни е прва година како го организираме овој настан“-изјави Михаил Ангелески.

На настанот беше прикажан и карток видео материјал за тоа како македонските градови изгледале во минтото, а претседателот на младинската организација, Ангелески додаде дека направиле споредба на минатото и сегашноста и да се види до каде се стиганти.
Миахил Ангелески, претседател на младинска невладина организација ADEY

„Сакаме да направиме едно ретроспективно враќање наназад. Да видиме и да погледниме како и колку градови кај нас изгледале порано, а исто така сакаме да направиме и една споредба на минатото и сегашноста. Да видиме до каде сме стигнати и да видиме што навистина компании како што се нашите спонзори или компании кои што се големи  допринесле со своето работење и вложување ја донесле државата  односно да се унапреди самотоработење  и да се развива социјалниот знак“-додава Михаил Ангелески, претседател на младинската невладина организација ADEY.
Настанот како што кажавме беше од натпреварувачки карактер, а за избирање на победниците на овој натпревар беше задолжена тричлената комисија која што беше во состав на Жанета Видевска (в.д директор на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп), Христина Петкоска-Димеска (дипломиран економист и професор по иновации и претприемништво во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп) и Александра Марковска (дипломиран фармацевт и менаџер на „Мента Фарм“ аптеки)
На настанот говор одржа и в.д директорот на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Жанета Видевска која изјави:
„Добредојдовте на овој настан што го организираа здружението за развој и едукација на деца. Ова здружение постои нешто повеќе од една година и од првиот ден од кога сум јас назначена за директор на ова училиште, имаме одлична соработка и веднаш потпишавме меморандум за соработка и им излеговме во пресрет на неговите основачи и претставници, затоа што станува збор за наши ученици со кои што имавме одлична соработка и како нивни професор по македонски јазик и литература, а уште повеќе сега како вршител на должноста директор на ова училиште. Ви посакувам на сите успешен натпревар и се надевам дека на овој натпревар ќе се збогатите т.е ќе ги збогатите вашите знаења во сверата на иновативноста“-изјави Жанета Видевска, в.д директор на училиштето.
Жанета Видевска, в.д директор на СОУ„Ѓорче Петров’’-Прилеп

Имено, на натпреварот беа избрани и трите најдобри награди за виртуелни компании за оваа година,а истите им беа доделени на ученици од:

Првото место му припадна на учениците од ООУ„Добре Јованоски“-Прилеп
Второто место му припадна на учениците од ООУ„Рампо Левката“-Прилеп
Тертото место му припадна на учениците од ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп
на останатите ученици и нивните ментори им беа доделени благодарници и пофалници за учество на натпреварот.
Најголемата проектна активност од малдинската организација ADEY е во соработка со СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, а е поддржана од Автоцентар „Матрак“-Прилеп, „Марбор’’-Прилеп, „Стибера’’ Центар--Прилеп , „Спар’ компанија и генералниот спонзор аптеки „Мента Фарм“.

Христијан Ангелески


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови