Детали за синоќешното убиство во Прилеп

Од МВР излегоа со детали за убиството врз малолетник во Прилеп...

Денеска 01.03.2024 година во 04:00 часот по локално време полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода лицето со иницијали В.Т (21) од селото Сенокос  во Општина Долнени поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На 29.02.2024 година во 19:40 минути по локално време во ОВР Прилеп било пријавено дека на булевраот „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено малолетно лице со повреди , при што било однесено во градската општа болница „Борка Талески“ каде што за жал била констатирана смрт и убиеното лице се наоѓа во болничката капела.

Инку, полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител по претходна пријава извршиле увид на местото на настанот, а по наредба од судија бил извршен и целосен претрес во домот на В.Т при што биле пронајдени и одземени повеќе предмети со кои било извршено убиството.

По целосно документирање на случајот и извршен службен разговор со В.Т против него ќе следува соодветен поднесок согласно законот за кривични дела на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на МВР.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми