Укината е мерката гарантирани цени, а трговците најавуваат поместувања на цените
Од денеска престана да важи владината мерка за загарантирани цени на оснивните прехранбени производи. Трговците најавија ценовно поместување на производите...
Загарантираната цена на основните прехранбени производи од денеска не важи, а трговците најавија дека нема да има енормно поскапување на цените на производите. Властите се во исчекување на морално однесување, а граѓаните повторно стравуваат од ценовните шокови.
Имено, новинарска екипа на МРТВ денеска при пазарење во еден од скопските маркети затекна непроменети цени на некои од основните прехранбени производи, а дел од трговците по информациите од добавувачите најавуваат дека ќе има посакување на млачените, месните и земјоделските производи какои и кај дел од алкохолните и безалкохолните пијалоци, бидејќи престана да важи и мерката за ослободување од царински давачки.
Имено, повеќето граѓани кои ги анкетираше новинарската екипа на МРТВ на нашите колеги им изјавиле дека цените неможат повеќе да растат (поскапуваат) бидејќи тие и сега го дотигнале плафонот, а други пак очекуваат поскапување во наредниве денови.
Инаку, очекувањата на министрите се побрзо носење на Законот за нефер трговски практики како и морално однесување на трговците. Според економистите треба повторно да се донесе законот кој го помина првото читање во Комисијата за европски прашања, а потребни се најмалку шест месеци за да се почувствуваат ефектите од него, велат економистите.
#Економија
Коментари
Постави коментар