Синдикатите на петте универзитети ќе одржат протест во понеделник

Синдикатите на петте универзитети во земјава ќе одржат мирен пртоест во понеделник на 04.03.2024 година...

Синдикатите на петте јавни универзитети во земјава изразија согласност и единство да одржат мирен протест во понеделник на 4 март. Протестот е со почеток од 13 часот и истиот ќе се одвива пред влезовите на универзитетите. 

Имено, во соопштението кое беше испратено до нас медиумите се вели дека синдикатите се обединети околу ставот за одржување на мирен протест и дека се игнорирани и дискриинирани од Македонското Собрание како и од Македонската Влада. 

„Синдикатите на петте јавни универзитети изразија согасност и единство да оджат мирен протест, во понеделник на 4 март 2024, во 13,00 часот, на сите вработени, пред влезовите на овие универзитети. 

Синдикатите се обединети околу ставот дека се игнорирани и дискриминирани од Собрането и Владата на Република Северна Македонија, со непотпишување на Колективниот Договор со петте јавни универзитети во земјава.

Тие го поздравуваат спроведувањето на Колективниот Договор со УКИМ, но, на надлежните им порачуваат дека истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост, бидејќи останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста општествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на Колективниот Договор неправедно се изоставени надвор од државата.

Здружението и обединетите синдикати со овој протест порачуваат дека настапуваат поврзано и обединето, без никаква политичка боја, организирани за враќање на достоинството, итегритетот и правдата.“-се вели во соопштението кое е испратено од синдикатите на петте јавни универзитети во земјава.


#Образование

Ивор:Тера ТВ.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови