Стево Пендаровски бара поддршка за втор претседателски мандат

Актуелниот претседател на Република Северна Македонија повторно влегува во претседателската трка но овој пат по втор претседателски мандат...

Стево Пендаровски-актуелен пртседател на Македонија

Акуелниот претседател на државава Стево Пендаровски по терт пат велгува во претседателска трка, но овој пат за втор претседателски мандат. Пендаровски најави и граѓанска кадидатура и ги повика граѓаните од 03.03.2024 година, да му дадат поддршка со давање на потписи во просториите на подрачната единица на Државната изборна комисија.

Тогаш социјал-демократите формално на конгрес ќе ја дадат поддршката за него. 

Имено, Пендаровски вели дека бил без дамка за донесените одлуки и дека бил без корупциска афера.

„Без дамка сум во донесени одлуки, без ниту една корупциска афера, моја или на некој од мојот кабинет“-рече Стево Пендраовски, актуелен претседател на државава.

Инаку,  Пендаровски вели и дека постојат кандидати кои се залагаат и кои најавуваат ревизија за поништување на Преспанскиот, Рамнковниот и договорот со Бугарија.

„Постојат кандидати кои што се залагаат, најавуваат ревизија или поништување на Рамковниот и Преспанскиот договор како и договорот со Бугарија. Рамковниот договор ја исполни својата историска улога, Преспанскиот договор на државава и го овозможи влезот во НАТО, а фатаморганата е нов договор склучен со Бугарија и барање за промена на бугарскиот устав“-вели Пендаровски.

Актуелниот претседател на Македонија вели дека е подобро Македонија да има претседател во однос на политичките субјекти.

„Далеку подобро е да имате претседател кој е независен во однос на политичките субјекти, па и во однос на економските центри на моќ кога сте избирани на општи избори отколку кога сте избирани на парламент.Се кандидирам не само за да учествувам на изборите, туку да победам и ја очекувам поддршката од сите граѓани без нивната етичка припадност“-додава Пендаровски кој за намалувањето на коефициентите на изборните фунционери прокоментира дека доцна им текнало.


#Македонија


Ивор: МРТ


Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп